НАТО ќе распореди повеќе војници на своето источно крило

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, потврди дека Алијансата планира да распореди воени сили на нејзините надворешни граници за да спречи каква било идна агресија од страна на Русија по нејзината инвазија на Украина.



Столтенберг изјави за Телеграф дека НАТО го трансформира своето источно крило, засилувајќи го со доволно војници за да ги одбие инвазиите во нејзините земји-членки како што се Летонија или Естонија.

Интервјуто уследи по разговорите меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и британскиот премиер Борис Џонсон, кој вети поголема воена помош за Украина во обид да ја зајакне нејзината одбрана од Русија.

Алијансата ќе формира четири дополнителни мултинационални борбени групи во Европа како одговор на руската специјална операција во Украина.

Како одговор на дејствијата на Русија, започнати се одбранбените планови на НАТО, распоредени се елементи на силите за одговор на НАТО и распоредени се 40.000 војници на источното крило на НАТО.

Покрај тоа, четири дополнителни мултинационални борбени групи се формираат во Бугарија, Унгарија, Романија и Словачка.