Новинарот Бранко Героски открива дека неговите написи немаат никаква врска со случајот вреден 940 илјади евра по кој е притворен сега веќе екс ,,генсекот” на владата и кумашинот на Заев, Мухамед Зекири.
Но Героски открива и дека во октомври 2020 година предупредил на друг мега скандал за кој информирал високи претставници на СДСМ.
Тој скандал се уште не ниту отворен ниту процесиран од Јавното обвинителство.
Героски ре-објавува пост од пред 18 месеци во кој се споменува засега непроцесираниот скандал.

,,Само да потсетам… Овој пост го објавив на 30 октомври 2020 година. Многу брзо по оваа објава, имав две важни средби, на кои со битни луѓе од тогашната власт споделив мои неформални и непотврдени сознанија во врска со скандалот во најава. Што се случувало потоа, навистина не знам. И не знам дали некои подоцнежни активности имале некаква врска со денешното сомничење на Мухамед Зекири. Како што не знам ама баш ништо за оваа приказна за Зекири и за двајцата хрватски државјани”, пишува новинарот кој отвори неколку скандали за актуелните власти на СДСМ и ДУИ како и за претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.
Од начинот на кој е напишан постот на Героски не може да се заклучи дали информациите на Героски можеле да имаат некаква (ин)директна врска со притворот на Зекири.
Постот на Героски
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=4970010379787284&id=100003351133662






