Романска министерка „бегалка“ притворена во Благоевград

По барање на Окружното обвинителство, судот во Благоевградскиот суд одреди мерка притвор за поранешната романска министерка за туризам, Елена Удрија, барана со европска потерница.



Таа била приведена од бугарските власти на 7 април 2022 година, при обид да го напушти граничниот премин Кулата.

Ова е втор пат таа да бега од Романија за да ја избегне правдата. Во 2018 година, таа побегна во Костарика, но набргу била вратена во Романија.

Весникот 24 Часа пишува дека поранешната министерка изјавила дека судскиот процес против неа во Романија бил „политички поради нејзините убедувања“.

Во Романија, таа беше прогласена за виновна за злоупотреба на државни средства и за барање мито од приватни компании договорени од нејзиното министерство.

На ексминистерката, по 7 годишниот процес, ѝ било наложено да плати повеќе од осум милиони леи (1,623 милиони евра) како компензација.