Села: „Ако нема ‘бадинтеров механизам’, нека има дводомен парламент“

„Ако нема ‘бадинтер, тогаш нека има дводомен парламент.’ – ова е став на лидерот на Алијансата на Албанците Зијадин Села’ по повикот на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски до албанските партии на разговор за укинување на „бадинтеровото мнозинство“, објави весникот на албански јазик „Лајм“. Инаку, дводомните парламенти се карактристика на федералните држави, на федерациите.

Инаку, тој повик на Мицковски беше негова реакција на барањата на албанските партии, изнесени по пописот, да се смени Уставот за Македонија, за да стане таа целосно двојазична земја. Бидејќи, кажа Мицковски, „ова е напуштање на Охридскиот договор, тогаш треба да се разговара и за другите негови одредби“: „Подготвен сум да разговарам и за бришење на процентите, да разговарам и за бришење на ‘бадинтерот’ – изнесе првиот човек на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски.

„Лајм“ ја пренесе исцело изјавата на Зијадин Села, како негов одговор на ставовите и предлозите на Мицковски: „Лидерот на Алијансата за Албанците Зиадин Села во јавната расправа во врска со ‘Пописот 2021′ зборуваше и за измена на Уставот и отстранување на ’20 отсто’. Села изјави дека е подготвен да разговара на оваа тема. Но, во врска со ‘бадинтеровиот принцип’, или ‘механизмот за балансирање’, Села кажа дека тоа е механизам, кој има за цел да го запре надгласувањето на онаа етничка заедница, која учествува со помала бројка во структурата на населението.“

„Лидерот на Алијансата на Албанците изјави дека ќе се преговара, ако некој политички чинител има некој друг поефикасен механизам. Тој даде и предлог за решавање на овој проблем: ‘Ако нема ‘бадинтер’, тогаш има дводомен парламент.’ ‘Ако ме прашувате за отстранување на дефиницијата од 20 проценти и Македонија да се дефинира како земја, во која има два официјални јазика – албански и македонски, јас велам: ‘Да!’ И го поздравувам секој политичар, кој е подготвен да разговараме во врска со оваа тема.“

„Бадинтер’ ,или ‘механизмот за балансирање’, има за цел да спречи мајоризирање, или надгласување на онаа етничка заедница, која учествува со помала бројка во структурата на населението. Сега, ако некој политички чинител има на ум некој друг механизам, кој ја запира мајоризацијата и кој е поефикасен од ‘’бадинтер’, тогаш ние велиме: ‘Да, подготвени сме да разговараме за тоа.’ Имаме и предлог: ‘Ако нема бадинтер, тогаш нека има дводомен парламент.’ – кажа Зијадин Села, лидерот на Алијансата на Албанците, во својот одговор до претседателот на ВМРО ДПМНЕ Хистијан МИцковски.

Инаку, во својата студија „Дали бикамерализмот (дводомноста) е важна?“ објавена во „Оксфордскиот прирачник за политичка економија“ од 2008 година, Мајкл Кетрон и Нолан Мек Карти истакнуваат дека дводомниот парламент е карактеристика на федерациите: „Соединетите Американски Држави, Германија и другите држави со федерални системи користат дводомен систем, дводомен Парламент, со цел да се обезбеди претставувањето на интересите на поодделните држави, или провинциите(областите) во тие држави, како и претставувањето на интересите на населението на тие држави. Експлицитната улога на дводомните системи и парламенти е заштита на некои малцинства во горниот дом на федерачните парламенти во таквите политички системи.“

Во случајот на Македонија, можното воведување дводомен парламент би значело и нејзино претворање на федерација на два народа, конкретно на македонскиот народ и, со оглед дека предлогот до Мицковски за ова го изнесува Села, на „државотворниот албански народ“, како што се искажа вчера лидерот на ДУИ Али Ахмети во едно интервју.