„Колку е Брисел подалеку, толку е Москва поблиску. Колку помалку ќе ја имаме Европа на Балканот, толку повеќе ќе се создава простор за дејствување на Русија на теренот.“ – рече првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска во Тирана во панел-расправата на тема ‘Регион, Европа, безбедност’, присуствувајќи на Конгресот на Социјалистичката партија.“ – јави весникот на албански јазик „Лајм“.
„Лајм“ ги пренесува акцентите од излагањето на Груби во оваа панел – расправа: „Обединетиот глас на Албанците од Западниот Балкан треба да биде столбот на евро-американскиот дух на нашиот регион. ЕУ нема друга алтернатива, освен итно да го интегрира Балканот во својот состав. Јасната перспектива за членство во ЕУ е неопходна за стабилноста на нашиот регион. Затоа проширувањето мора да се реализира сега, веднаш, без никакво одлагање.“
„Украина не е далеку и последиците ги чувствуваме сите. Солидарноста денес со Украина несомнено значи интеграција, без ниту едно одложување, на Албанија и Северна Македонија, заедно, неразделни. Бидејќи конфликтите на Балканот не беа доволни сигнали за потребата за европската интеграција на тој регион, тогаш Украина е ѕвоното на алармот за сите доцнења и за недостигот на консолидација на надворешната и безбедносната политика на Европската Унија.“
Денес, во 21-иот век еден апсурден спор од 18-тиот век ни ја држи затворена вратата на ЕУ. Ние во 2022 година треба да одбереме кој што бил и на кој јазик зборувал до 1945 година.“
„Гледам дека ЕУ всушност ја загубила лозинката – пасвордот за размрсување на замрсеното клопче и не може да ја најде, бидејќи таа лозинка некој ја променил во последниве 50 години наваму. Таа лозинка е ‘Украина’, со голема буква ‘У’.’ – рече Артан Груби во панел-расправата на тема ‘Регион, Европа, безбедност’, присуствувајќи на Конгресот на Социјалистичката партија во Тирана денес.“





