„Не можам повеќе да плачам, не плачам повеќе“, изјави украиснкиот претседател Володимир во интервју за германски Билд, само неколку часа по страшниот ракетен напад на железничката станица во украинскиот град Краматорск, во кој загинаа најмалку 50 цивили.
Запрашан дали тој ја мрази Русија, Зеленски вели:
„Да, чувствувам омраза кон Русија, кон руските војници. Кога ќе ги видам овие слики пред мои очи, убиени деца без нозе, без раце. Тоа е гнев, тоа е страшно. Како татко природно мислам на моите деца во такви моменти. Секако дека се лутам на вакви моменти“.
Билд пишува дека еден шеф на европската влада побарал од Зеленски да му докаже дека злосторствата во Буча не биле исценирани, но Зеленски не сакал да открие за кого станува збор, но му кажа дека сака докази.
Запрашан околу односот на Берлин кон војната во Украина Зеленски рече:
„Да, некои земји, Германија е една од нив, се против ембаргото за нафта и гас. Мило ми е што 5-тиот пакет санкции на ЕУ вклучува ембарго на јаглен и дрво.
Германија не не поддржа со оружје. Германија отворено кажа дека нема да бидеме членка на НАТО. Но, ако останеме искрени: германската реторика е променета. Германија е конзервативна и студена, но сега с’“ започна.
За евентуална средба со рускиот претседател Путин Зеленски го повтори веќе познатиот став:
„Денес Украина нема друг избор освен да седне на преговарачка маса. Но, ниту една друга сила во Русија нема моќ да ја запре оваа војна. Тој сам одлучува кога ќе заврши оваа војна“, вели Зеленски за “Билд“.






