Ле Пен „му дише во врат“ на Макрон

На помалку од 48 часа пред првиот круг на гласање, трката за претседател на Франција се чини дека сепак ќе се сведе на двајцата финалисти, Емануел Макрон и Марин Ле Пен како и во 2017 година, а финалето ќе биде во вториот круг…



Но, додека Макрон сè уште води во анкетите, неговиот реизбор повеќе не изгледа толку сигурен, бидејќи Ле Пен ја зголемува поддршката меѓу Французите.

Анкетата, објавена на веб-страницата BFM TV, покажа дека Макрон изгубил уште два проценти и сега поддршката во јавноста е 26%, додека популарноста на Ле Пен пораснала за 2 проценти и сега изнесува 25%.

Екстремно левичарскиот ветеран Жан-Лук Меланшон е на третото место со околу 17% поддршка…

Анкетата во петокот покажа најмала разлика досега, и во евентуален втор круг на изборите (доколку во првиот не биде избран претседател) за Ле Пен би гласале 49 отсто во соочување со актуелниот претседател.

Првиот круг од изборите ќе се одржи утре 10 април, а (нај)веројатниот втор круг на 24 април.