Ако си ‘од нивните’ за тебе не важи претрес на работно место и дома. Не ти доаѓаат 2 коли полицајци да те малтретираат цел ден и пред очи на семејството. Не. Ти пуштаат покана сам да дојдеш и да дадеш исказ!
Не бараат замрзнување на сметки, лични или на фирма или блокирање на имот иако од тебе зависат вработени и уште толку фирми добавувачи, кои имаат свои добавувачи, а тие свои добавувачи… и така…
Не, тоа се мерки за оние кои не се ‘од нивна’!
Ако си ‘од нивна’ треба да се почитува правото за презумпција на невиност. Ама ако не си, тогаш може да те сатанизира секој еден и те прогласува за инстант криминалец!
Па уште ако си во роднинска врска со фамилијата нивна,може и за светец да те прогласат!
И колку беше она довербата во судството?!





