Властите во Саудиска Арабија оваа година ќе дозволат до 1 милион аџии оваа година по две години со сериозни ограничувања поради Ковид-19, објавија државните медиуми денеска, цитирани од Ројтерс.
Аџиите во Мека оваа година мора да бидат помлади од 65 години и целосно вакцинирани против коронавирусот, се вели во соопштението на властите.
Минатата година, кралството го ограничи годишниот аџилак на 60.000 локални жители, од 2,5 милиони пред пандемијата.
Пред коронавирусот, посетите на најсветите места на исламот во Мека и Медина на Саудиска Арабија и носеле околу 12 милијарди долари годишно.







