Русија со 5 милиони жители повеќе од последниот попис, вкупно 147 милиони

Руското население порасна за речиси 5 милиони во последната деценија и достигна 147 милиони, соопшти владината статистичка агенција Росстат, повикувајќи се на првичните резултати од пописот одржан кон крајот на 2021 година.



Над половина од тоа зголемување на популацијата се должи на припојувањето на Крим во 2014 година.

Најголемата држава во светот според територијата е деветта по бројот на жители, зад Индија, Кина, САД, Индонезија, Пакистан, Нигерија, Бразил и Бангладеш по тој редослед.

Според пребројувањето на населението што доцнеше една година поради пандемијата од Ковид-19, Москва останува најголем град во Русија со 1,3 милиони жители повеќе отколку на последниот попис во 2010 година или вкупно 13 милиони.

Втор најнаселен руски град е Санкт Петербург е со 5,6 милиони жители, што е раст од 17,6 проценти во последните три години.