Секретарот за внатрешни работи Прити Пател се извини за „фрустрирачките“ одложувања на издавањето визи што спречија илјадници украински бегалци да влезат во Обединетото кралство.
Британците бараат украинските бегалци да ивадат британска виза во Париз или Брисел
Нешто повеќе од една четвртина од оние Украинци на кои им беа одобрени визи – 12.000 – стигнале во земјата досега, изјави г-ѓа Пател за BBC News.
Податоците од Министерството за внатрешни работи објавени во петокот покажуваат дека владата им одобрила 41.000 визи на Украинците кои бегаат од војната.
Од нив, само 1.200 пристигнле според шемата „Домови за Украина“, која им овозможува на луѓето да спонзорираат бегалци.
Програмата беше критикувана поради огромната бирократија вклучена во поднесувањето на апликациите.







