Претставници на турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) планираат да го номинираат нивниот лидер и шеф на државата, Реџеп Таип Ердоган, за Нобеловата награда за мир за неговите напори за решавање на руско-украинската криза, објави Хуриет.
Според весникот, ова прашање било покренато на состанокот на Извршниот комитет на АКП.
„На нашиот претседател не му треба Нобеловата награда за мир, но ако таа му беше доделена на поранешниот американски претседател Барак Обама, нашиот претседател ја заслужува Нобеловата награда за неговите напори да обезбеди мир во Украина“, цитира весникот член на Комитетот.
И турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ја поддржа иницијативата за доделување на Нобеловата награда на Ердоган.
Инаку, 68-годишниот Ердоган постојано изјавува дека ќе ја одбие Нобеловата награда за мир доколку му биде доделена.







