Легендарната рок група Пинк Флојд денеска ќе го објави новиот сингл „Hey Hey Rise Up“ во знак на поддршка на народот на Украина, се вели во вчерашното соопштение на бендот, објави Си-Ен-ен.
Тоа е прва музичка умера на групата по 1994 година, а целиот приход ќе биде наменет за украинската хуманитарна помош, се додава во соопштението.
Песната е изведена од гитаристот Дејвид Гилмур и тапанарот Ник Мејсон, со басистот Гај Прат и Нитин Сони на клавијатура, се вели во соопштението.
Песната содржи вокал на Андриј Хливнјук од украинскиот бенд Boombox. Бендот н ја користеше аудио снимката од настапо на Хливнјук во центарот на Киев каде што изведе „возбудлива украинска протестна песна напишана за време на Првата светска војна, која беше објавена низ целиот свет во изминатиот месец во знак на протест“ против руската инвазија.
Гилмур, кој има украинска снаа и внуци, во изјавата рече дека се чувствувал трогнат од изведбата на Хливнјук „на плоштадот во Киев со таа прекрасна црква со златна купола и … во тишината на градот без сообраќајот или бучавата во позадина поради војната“.
„Тоа беше моќен момент што ме натера да сакам да го ставам во музика“, рече тој.






