„Арбен Таравари, градоначалникот на Гостивар и генерален секретар на опозициската Алијанса на Албанците, се осврна на најновиот попис, нагласувајќи дека тој ‘потврдил оти во Македонија се случува има масовен егзодус на населението’ – објави информативниот портал на албански јазик „ин7“.
„Ин7“ пишува: „Сите сме сведоци дека сега ги нема некои од соседите, со кои живеевме во нашите маала и села. Многу куќи се затворени. Според бројките на Артан Груби, Гостивар има 72 илјади жители, но, според пописната бројка Гостивар има 59 илјади жители.’ – рече Таравари.“
“Има помалку Албанци, помалку Македонци, помалку Турци и само Ромите останаа со процентот, кој го имаа на пописот во 2002 година.”
„Таравари додаде дека дека луѓето си заминуваат веќе 20 години и оти тоа го потврдуваат и Светска банка и многу други релевантни меѓународни асоцијации. Според него, „бегањето на граѓаните надвор од државата се случува поради незадоволството од здравството, поради нефункционирањето на правната држава, нефункционирањето и на образованието, поради корупцијата и криминалот.“
Home Македонија Таравари: „Масовен егзодус на населението, многу куќи се затворени – граѓаните бегаат...





