Членките на Европската унија го одобрија петтиот пакет казнени мерки против Русија.
Европската комисија предложи запирање на увозот на руски јаглен, дрво и водка, како и други санкции, а постојаните претставници на 27-те членки на ЕУ се согласија со предлозите на Европската комисија.
Ембаргото за увоз на јаглен би значело губење на околу четири милијарди евра за Русија. Освен тоа, за руската економија дополнително да се заслабне, треба да има натамошни ограничувања за трговијата со Русија во обем од околу 10 милијарди евра.
Тука се вборјуваат на пример квантни компјутери и транспортни средства, се вели од Комисијата.
Исто така, нема да се увезуваат производи како дрво, цемент и морски плодови, во вредност од 5,5 милијарди евра, а руските компании нема да смеат да учествуваат на тендери во државите на ЕУ.
Покрај економските мерки, се санкционираат и други лица од опкружувањето на рускиот претседател.
Тие нема да смеат веќе да влегуваат во ЕУ, а се замрзнува и нивниот имот во Унијата. Меѓу погодените се и ќерките на Путин.







