Даме Чкатроски
Специјално за expres.mk
Вчера Србија гласаше во OН против Русија. Во Москва нема авионски карти за Белград.
Потврдите за излез од Русија одат по огромни цени. Велат дека потврдите ја преминале сумата од 10.000 се до 20.000 долари.
Во бившите земји на СССР, Грузија соопшти дека 100.000 руски граѓани се во Грузија. Се користи секоја врата да се излезе од Русија, нормално таму каде што нема визи.
Киргистан, Казахстан, Монголија, Узбекистан, Ајзербеџан, Финска до вчера.
Според пресметките на граничните служби во овие земји веќе пристигнале најмалку 250.000 Руси. Вкупниот број кои ја напуштиле Русија од 24 фебруари е преку 380.000.
Дури и властите во Македонија имаат наеднаш повеќе прилив на граѓани на Русија отколку на Украина.
Во Србија приливот на Руси е веќе далеку поголем од граѓани на Украина. Се бараат станови од Дорчол до Панчево. Па кој како ќе пристигне.
Дури ова го пишувам внимателно со слушам Песков. Работите кои ги соопштува, добрите ,,кремљолози” знаат и тоа како да ги толкуваат.
Се шпекулира дека овие денови и Захарова ќе се заблагодари и ќе биде тргната на страна, за кратко или подолго.
Веќе е сеедно Москва што прави и што соопштува. Бројот на уапсени и испрашувани веќе поминал 28.000 граѓани.
Следат низа прашања. Па дали овој режим на Путин може тотално да ја отсече Русија од нормалниот свет, а при тоа да утврди, етаблира режим кој е спротивен на нормалниот свет.
Рубљата ќе расте по банките уште некој период. Впрочем Русија не увезува овие денови па не бара никој за увоз, долари и валути. Оваа и ваква ситуација е можна 4-6 месеци.
Економските експерти после не знаат што следува. Се шпекулира за хиперинфлација или банкрот или нешто трето. Гласно зборуваат дека за 6 месеци, Русија ќе застане. Некој песимисти велат и за 2 месеци.
Сите врвни аналитичари од 40-80 години се мачат да го откријат планот на Путин.
Многу не верувајте на млади аналитичари. Тоа што се врти на американските телевизии е ,,сениор” став од 50 па дури и по 80 и 90 години. Ама и во другите делови на светот. Експертите за Русија кои беа заборавени сега се пак на сцена. Тие експерти се далеку поупатени, преголеми аналитичари за разните помлади нивни колеги.
Крупните калибри излегуваат од пензија и многу точно зборуваат што следи во Русија но сите на еден глас потврдуваат – Агендата на Путин е за нив непозната.
Тоа не се професори да ламатараат туку бивши високи официјални лица од институции и аналитички центри.
Дури и високи генерали од време на Реган и Кол па до аналитичари од кои светот се тресеше пред 20 или 30 години и беа најчитани во Русија.
Едноставно никој од нив нема одговор – Зошто Путин влезе така во Украина и што е целта.
Еден висок аналитичар на ЦИА на некаква телевизија објаснува – Ова е без никаква смисла и не постои до денес руски претседател кој би го направил ова.
Дури и врвните Европски, а посебно германски, британски, француски експерти од стар ков го мислат тоа и додаваат дека во Ковид 19 кризата ова нема никаква воена/политичка/економска/стратегиска смисла.
Остануваме во чудење и стварно да шпекулираме во читање на коментари на читатели барем на нашите медиуми.
Од тие коментари нема да извлечите никаква мудрост ,туку психолошка разочараност, хелодеменција, потрага по факти засновани на бајки и 15 годишното бомбардирање на нашата публика од страна на про-руските медиуми со прокси во Србија.
Ништо паметно.
Да СНН сега можеби и лажи но работава е: си баравте е сега ќе гледате.
Светот станува бесмислен. Смислата во коментарите на читателите одамна испари.
Животот станува скап и тежок. Некаде се губи лесно а некаде може сериозно да се умира на рати.
Светот станува бесмислен. Се чекаат одговорите на многу прашања.
Сите патишта денес водат од Москва подалеку. Но одговорите се во Москва. А,ќе ги причекаме.






