Строго го почитуваме коалицискиот договор, изјавил премиерот Кирил Петков прашан за Македонија ,а по реакциите на две парти од владејачката коалиција (ИТН и БСП) дека премиерот се обидува да го тргне ветото за почеток на преговори на Скопје и ЕУ без консултации со парнерите од власта.



Дали кревањето на ветото за Македонија ќе ја турне бугарската влада

Секоја одлука мора да се донесе на заедничка основа. Без одобрение од парламентот нема да се донесе конкретна одлука“, му порачаа пратениците Кирил Петков, јави Њуз.бг.

Пред два дена лидерот на „Има таков народ“ Слави Трифонов во лута објава на Фејсбук го обвини Кирил Петков дека тоа што го прави постојано се обидува да го заобиколи Договорот за пријателство и соработка меѓу двете земји и потврдената позиција на Бугарија од Народното собрание.

„Состојбата во Украина ја направи уште почувствителна темата Северна Македонија“, смета Петков. Според него, интеграцијата на Западен Балкан е важна.

ЕК увери дека ќе биде гарант за правата на Бугарите во РСМ во преговарачкиот процес.