Увозот може да почне веднаш, но наместо првично договорените 50 илјади тони пченица – најверојатно извозниците на барање на македонските компании ќе им испорачаат 100 илјади тони, информираат од министерството за земјоделство.
Српската влада од денеска дозволи извоз на српската пченица, пченка, брашното и масло за јадење за Македонија.
Дополнително се преговара за увоз и од Бугарија.
Со пристигнувањето на српската пченица ресорниот министер вели компаниите нема да се соочат со недостаток.






