Повеќе предмети на познати личности, вклучувајќи го и домот од детството на Елвис Присли, фустанот на Мерилин Монро, радиото на Џон Кенеди и црната шапка на Мајкл Џексон ќе бидат понудени на онлајн аукција на 11 ноември во САД.
За продажба е, меѓу другото, и малата дрвена куќичка со повеќе од шест хектари земјиште во североисточниот дел на Мисисипи, каде што Елвис живеел во годините пред да стане Крал на рокенролот.
Меѓу предметите кои ќе бидат понудени е и воената униформа на Том Хенкс од филмот Форест Гамп, акрилното пијано на пејачката Витни Хјустон, чадор со рачка во форма на папагал кој го носеше актерката Џули Ендрјус во филмот „Мери Попинс“ и BMV на Хју Хефнер во 1973 година .
На аукцијата што ја организира аукциската куќа GWS од Јужна Калифорнија вкупно ќе бидат понудени за 150 предмети, најмногу во врска со Елвис, како што се уште неговиот приватен авион и розовиот кадилак од 1957 година.
Меѓу предметите е и радио кое некогаш беше во сопственост на претседателот на САД, Џон Кенеди, фустани од неговата сопруга Жаклина Кенеди Оназис. Има тука е помодерни нешта како облека на актерката Рис Витерспун во филмот „Legally Blonde“ и автомобилот јагуар од 1993 година, што беше во сопственост на покојната актерка Ана Никол Смит.
Сопственикот на аукциската куќа, Бриџит Круз, рече дека автентичноста на сите предмети на славните личности била верификувана на различни, но сигирни начини.





