Државно претпријатие на брат директор платило 2,6 милиони евра на фирма на братот (ВИДЕО)

Портпаролот на партијата Левица Амар Мециновиќ бара Антикорупциската комисија да ги истражи јавните набавки во јавно претпријатие каде над 2,6 милиони евра биле дадени на приватна компанија на брат на директор во државниот субјект.



Левица од ДКСК бара да утврди како скопското јавно претпријатие Градски паркинг дало тендери во вредност од над 150 милиони денари на фирма на брат на директор.

,,За време на директорувањето на Владимир Кроневски со ЈП Градски Паркинг, јавно достапни се информациите за 20 тендери во износ од над 2 милиона и 600 илјади евра кои се доделени на компанијата НекстСенс, во која неговиот брат Васко Кроневски е извршен директор и ко-сопственик”, вели меѓу другото Мециновиќ во изјавата.

За истите наводи expres.mk објави уште на почетокот на Февруари.

Најава за скандал: Фирма со милионски тендери за софтвер во јавно претпријатие каде раководител е брат на газдата