Ова е нарушување на основните права и слободи на граѓанинот, реагира професорката на информацијата дека советникот во Министерството за одбрана Петар Богојески добил отказ откако споделил линк од портал на фан-страница, а во врска со руско влијание во македонско-бугарскиот спор и во редовите на МПЦ-ОА.
„И ова е црно петно во било кој извештај за напредокот на Македонија во владеењето на правото и заштитата на основните права и слободи.
Примената на членот 10 од Европската конвенција за човековите права не може да биде ограничена произволно и надвор од законот.
Мислам дека професорот Марјановиќ веќе се превртува во гробот. После толку години од започнувањето на неговата борба со вербалниот деликт да го вратиш на голема врата…
И најстрашен е контекстот на актуелниот момент.
Министер за правда кој лаже добива писмена опомена.
Служебник кој изнесува личен став добива отказ“.







