Го спасува ли вицепремиерката Грковска министерот Тупанчевски од смена и кривичен прогон?

Потпретседателка на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска утврдила дека министерот за правда Никола Тупанчески по повеќе основни го прекршил Етичкиот кодекс за избрани и именувани функционери.



Тупанчевски според владата е кабает за гратис патувањето и картата во вип-ложата на натпреварот меѓу Италија и Македонија во Палермо.

Но наместо владата да покрене барање за негова оставка или да покрене постапка пред другите институции на министерот мунупатува само јавна опомена.

Тупанчевски според владата ги крши членовите 12 и 17 од Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носители на јавни функции именувани од страна на Владата.

Грковска го укорува Тупанчевски зошто не и одговорил на јавноста веднаш но ниту бара негова смена ниту ќе ја информира ДКСК или обвинителството за да почнат постапка иако во кодексот тоа се две од трите можни опции.

Како лице задолжено од Владата за следење на спроведување на Кодексот, а врз основа на информациите и податоците што министерот Тупанчевски ги достави, заменик-претседателката Грковска констатирала дека не е постапено согласно одредбите пропишани во Кодексот, при што меѓудругото, укажала дека согласно член 9 од Кодексот, носителите на извршни функции одговараат неселективно, навремено и аргументирано на прашања и коментари на јавноста за сите аспекти од своето работење и работењето на својата институција.

Најверојатно за да ја дефокусира јавноста од барањето за оставка и за кривичен процес владата информира дека врз основа на анализите направени минатиот месец и на утврдените слабости во Кодексот, а во соработка со меѓународните партнери, веднаш ќе се прави подобрување на решенијата предвидени во Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и за носителите на јавни функции именувани од страна на Владата, за што лично се ангажирала Грковска.

Предходно во сличен маневар и Антикорупциската комисија утврди дека Директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу работел незаконски но наместо да биде гонет претседателката Билјана Ивановска побара смена на законот наместо казна за функционерот.

Сега истата ,,финта” ја користи и вицепремиерката Грковска.