„Маските ќе паднат“, но не секаде

По вчерашниот „ден без починат од ковид, Комисијата за заразни болести предложи олабавување на мерките.



Пред се, препорачуваат укинување на одлуката за задолжително носење на заштитни маски во затворен простор, но не секаде.

Маските и понатаму остануваат задолжителни за влез во здравствените установи, аптеките, домовите за стари лица и јавниот превоз, но и во такси возилата, информираше претседателот на Комисијата, Александар Петличковски, денеска.

Ова препорака за неносење маски важи и за наставниот и другиот кадар во училиштата, каде што за учениците веќе не е задолжително носењето маски, а за средните училишта сè уште е препорака која не е помината на Главниот кризен штаб и со тоа не е стигната ниту до Владата.