Зошто владата набавува пченица ако Пендаровски тврди дека веќе е обезбедена ,,до зрно” (ВИДЕО)

Министерот за земјоделие Љупчо Николовски вчера објави дека со својот бугарски колега договорил набавка на дополнителни количини пченица од Бугарија.



По оваа информација се поставува логично прашање зошто владата набавува дополнителни количини пченица ако се знае дека предходно претседателот Пендаровски изјави дека уште во декември владата не чекала, ги презела сите потребни мерки и набавила ,,до зрно” потребна пченица.

Дополнително српскиот претседател Вучиќ најави дека Србија ќе обезбеди голема количина жито за Македонија, Албанија и Босна и Херцеговина.

Изјавата на Пендаровски во која тврди дека уште на крајот на ланската година била набавена доволна количина пченица за да се истурка кризата.