СБ на ОН не може да ја исфрли својата постојана членка Русија

Експерти сметаат дека барањето на Володимир Зеленски, Советот за безбедност на Обединетите нации да ја исфрли постојаната членка Руссија е – невозможно.



Марк Стоун, експерт на Скај њуз, вели дека „начинот на функционирање на тоа тело значи дека тоа не може да направи ништо значајно сè додека Русија е постојана членка“.

„Зеленски не навлезе во детали, но се чини дека сугерираше дека Русија би требало да биде исфрлена од Советот за безбедност“, додаде Стоун.

„Но, како што сега стојат нештата, невозможно е легално да се исфрли Русија. Ако се вратиме на формирањето на Обединетите нации, Русија има позиција на постојана членка на Советот и поради тоа би требало да гласа за самата да се исфрли себеси од тоа тело, што очигледно никогаш нема да го направи“, објасни британскиот експерт пренесе МКД.Мк.