„Признанието“ на министерот за правда Никола Тупанчески за „А1он“ дека не ја платил картата за чартер-летот и влезот на стадионот во Палермо, предизвика лавина реакции во јавноста. Тој претходно велеше дека сите трошоци ги подмирил тој од неговата трансакциска сметка.
Професорката Мирјана Најчевска во врска со случајот даде конкретен предлог:
„Тупанчески не треба да поднесе оставка. Тој треба да биде веднаш разрешен, а Ректоратот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ треба да расправа за достоинството на професијата и нарушувањето на етичкиот кодекс на Универзитетот“, напиша Најчевска.







