Во обраќањето преку видео врска во живо во салата на Советот за безбедност, украимнскиот претседател ги повика ОН да ја исклучат Русија од Советот, каде таа е една од петте постојани членки, и да се реформира системот на ОН, така што „правото на ветото да не значи право на смрт“.
„Ако не знаете како да ја донесете оваа одлука, можете да направите две работи, истакна украинскиот претседател.
Зеленски предложи да се исклучи Русија „како агресор и иницијатор на војната за да не ги блокира одлуките на СБ на ОН поврзани со нејзината агресија врз Украина.
Зеленски нагласи дека втората опција е реформа на ОН, а доколку нема други алтернативи, следната опција е распуштање на светската организација.
Зеленски упати и критики кон Советот за безбедност, истакнувајќи дека ако не може да најде начин да помогне да се запрат акциите на Русија во Украина, тој треба да се „распушти“, бидејќи тоа докажува дека, како што рече „не можете ништо да направите освен разговор“.
Неговиот говор беше поздравен со аплауз, по што, по мли технички пречки беше емитувано видео од Украина- на едно минутната видео-снимка се прикажуваа фотграфии на мртви Украинци – вклучувајќи изгорени и изобличени тела.






