Украина не прифаќа да нема своја своја војска, вели Зеленски

Украинскиот претседател изјави дека Украина не го прифатила предлогот на Русија за демилитаризација на земјата.



Тој нагласи дека Украина смета дека армијата треба да таква да биде способна да ја брани државата.

„Заборавете на зборовите „деназификација“ и „демилитаризација“, нема ни да зборуваме за тоа“ вели Зеленски.

„Денацификацијата звучи навредливо, оваа фраза можеме да ја употребиме во ваша насока (кон Русите). Како што покажа Буча, бевме во право. Ова не е прашање за нас, туку за вас пред огледало“, нагласи Зеленски, обраќајќи им се на Русите.

Претседателот истакна дека Украина разбира дека дури и најмоќниот договор за безбедносна гаранција не може да гарантира дека Русија нема да нападне за две години.

„Разбираме дека дури и да потпишеме моќен договор, разбираме дека Русија може да се врати за две години“, додаде Зеленски.

Во однос на безбедносните гаранции за Украина, во тек се активни консултации со потенцијалните гаранти.

Официјално, три земји од НАТО -Турција, Германија и Италија – веќе се согласија да дадат гаранции во формат предложен од Украина.