ИРЛ: Владата забранила негативни прозивки на Инстаграм

Македонската влада која постојано се фали дека е најтранспарентна во регионот забранила да биде ,,пингана” односно да биде прозивана на социјалната мрежа Инстаграм.



Ова го открива Сашка Цветковска, шефица на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) која објавува фотографија со која се докажува дека профилот на владата на Инстаграм забранил да биде прозивана од други актери.

,,Почнаа како “најтранспарентната” влада ever. За сега да не им дозволуваат на граѓаните ниту да ги споменат на Инстаграм. Веројатно им е полесно на оние што не барале мандат од граѓаните да се кријат. Како министерот за правда кој чека неговиот срам да биде едноставно заборавен додека тој се крие од јавноста. Уште чекаме да одговорат и како за расипан путер “откриен” од министер се впрегнаа сите институции, додека за отровни суплементи никој не се поместува еве веќе 11 години. ВАЖНО: Од тимот одговорен за социјалните медиуми во Владата се јавија и се извинија за оваа грешка која што велат дека не е дел од нивната политика и дека веднаш ќе биде поправена. За останатите проблеми очекуваме повик од АХВ и Царина, односно сонуваме за нивно конечно прифаќање на обврските кои доаѓаат со мандатот. Фала ти Leon Bakraceski за брзата реакција, се надевам колегите во споменатите институции ќе го следат твојот пример”, објави Цветковска на Фејсбук.

Предходно ИРЛ објави скандалозна сторија во која се зборува за начинот на кој владините институции ја контролираат храната што ја користат граѓаните.

Стравичната сторија на овој ЛИНК