Зеленски вели дека „нема друг избор“ освен преговори со Русија

Се очекува украинските и руските преговарачи денеска да ги продолжат разговорите преку видео врска за решавање на кризата и за ставање крај на војната во Украина.



Зеленскки: Најверојатно нема да се сретнам со Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека „нема друг избор“ освен да се преговара за крај на војната со Русија иако тоа е тежок избор особено по сигналите дека можеби руската војска извршила злосторства врз цивили во Буча.

Зеленски рече дека во досегашните преговори Украина понудила да биде официјално неутрална држава која ќе има безбедносни гаранции од други нации.

Поради Меркел Украина не е во НАТО, канцеларката му врати

Но,според него, Украина сè уште нема сигурен список на земји подготвени да обезбедат безбедносна гаранција, иако разговорите продолжуваат.

„Досега не сме добиле список на земји кои се подготвени да ни се придружат 100 отсто. Ни требаат сериозни играчи. Ни треба круг на земји кои се подготвени да го обезбедат потребното оружје во рок од 24 часа. Ни требаат санкции да се развијат и кога се чувствуваме загрозени од Руската Федерација, овие држави треба да се обединат и веднаш да воведат се што е потребно“, рече тој.

Зеленски денеска ќе се обрати на состанокот на Советот за безбедност во ОН каде што се очекува да побара и нови санкции против Русија поради убиствата во градот Буча за кои вели дека се воени злосторства.