Една од најсериозните нови санкции што Европската унија размислува да и ги воведе на Русија е да го запре увозот на јаглен, објавија Ројтерс и Блумберг.
Ројтерс цитираше лице кое било запознаено со прашањата, но побарало анонимност бидејќи дискусијата не била финализирана.
Сепак, сè уште не е донесена одлука за ембарго на јаглен. Германија увезува речиси половина од својот јаглен од Русија – поточно 49,1 отсто.
По објавувањето на фотографиите од Буча, предградие на Киев, и шокот на светската заедница од воените злосторства врз цивили извршени за време на месецот на руската окупација на регионот, европските лидери почнаа да разговараат за уште посериозни санкции и за прв пат , посериозно почна да се разговара за прашањето за забрана на увоз на енергетски ресурси.







