Љатифи: Националниот идентитет на Албанците во Македонија бледнее и затоа e неважно што ги има 30 отсто

„Еден етникум може да биде политички силен, само ако има и силна национална свест. Но, тој етникум и сите други мора да имаат и свој национализам, а ако го немаат, ќе бидат само играчки во рацете на други.“ – вели Блерим Љатифи, политички аналитичар од Косово и професор по политичка филозофија на Универзитетот во Приштина, во Косово, во својата колумна со наслов „Зошто имаат толку мала тежина Албанците во државата Македонија?“, коjа ја објавија весникот „Лајм“ и други медиуми на албански јазик во Македонија и во регионот.

Љатифи пишува: „Триесет проценти од населението во Македонија се Албанци. Така вели последниот попис. Нив ги има толку многу, но имаат толку мала тежина во државата. Зошто? Избледувањето на националниот идентитет наспроти верскиот, масовната умствена денационализација е причината, поради која е неважна нивната демографска тежина.

„Еден етникум може да се засили политички само преку силна национална свест. Ако го нема ова, тој етникум ја губи вистинската вредност на својата демографска тежина. Во оваа насока антиалбанските стратегии на македонските елити се покажаа како исклучително успешни. Да не речам и целосно.“

„Без национализам, народите се предодредени да станат играчки во рацете на другите.“ – заклучува Љатифи