МВР: Казнети 170 пешаци

Министерството за внатрешни работи соопшти дека била спроведена акциска контрола за евидентирање на прекршоци што ги прават пешаците при што биле казнети 170 пешаци.



Во соопштението се информира дека за преминување на улица надвор од пешачки премин се казнети 134 лица, а 25 поминале преку пешачки премин додека било запалено црвено светло за пешаците. За време на сообраќајните контроли напишани се и уште 89 казни за други прекршоци.

МВР предупредува дека ќе продолжи со засилените сообраќајни контроли  и во наредните денови.