Неколку луѓе загинаа кога мал камион се судри со воз во јужна Унгарија, при што вагон излета од шините рано утринава, соопшти унгарската полиција, пренесе Ројтерс.
Има многу повредени во несреќата на железничкиот премин „Мајндсент“ нешто пред 7 часот наутро, додаде полицијата.
„Спасувачките напори се уште се во тек, така што не можеме да го одредиме точниот број на жртви“, изјави портпаролот на полицијата за Ројтерс.
Локалниот сајт за вести delmagyar.hu објави дека седум лица загинале во несреќата, а на лице место има многу медицински тимови и спасувачи.







