Бугарија планира да го изгради автопатот „Рила“, во должина од 140 километри, кој ќе ја поврзе со Македонија кај Крива Паланка, пишува бугарскиот весник „24 часа“.
Тој ќе почне од автопатот „Тракија“ кај Ихтиман, ќе поминува низ Самоков, Дупница и Ќустендил и ќе заврши кај бугарско-македонската граница кај Крива Паланка.
Рокот за изградба на делот од автопатот од Дупница до Ќустендил е до 2030 година, кој нема да има помошни ленти, туку само проширувања на одредени отсечки.
До 2030 година е предвидено да биде изградена и железничката линија меѓу двете земји, од која недостигаат само 8 километри од бугарска страна, но најважните – самата врска од пограничното село Ѓуешево до границата со Македонија.
Проектот предвидува и модернизација на постоечката железничка линија меѓу Радомир и Ѓуешево.






