Слоганот „Нема правда нема мир“ повторно се слушна на скопските улици откако Владата го скрати финансирањето на неколку невладини организации. Тие велат дека новите кратења преставуваат 40% од средставата предвидени за превентивните здравствени програми со што се скратува пристпот и правото до основна здравствена заштита, под изговор дека се штеди и се работи домаќински – пренесе Алфа.
„Кратења од превенција за болести, недовболни буџети за лекување за пациенти, граѓани исклучени од пристап до основна здравствена заштита и сетоа ова се претставува како штедење, домаќинско работење и рационализација. Денес сме овде да каѓеме НЕ, гласно не од штедење од здравјето на луѓето!“ – Изјавија организаторите на протестот.
Тие исто така побараа и воведување прогресивен данок или данок на луксуз, како и сериозни фискални политики а не кратење од здравјето, затоа што повеќе пари во превенција е инвестиција во животот на граѓаните и заштеда на народните пари.
„Јавно изјавија дека секој денар вложен во превенција, ѝ штеди на државата 7 денари. Зошто тогаш Владата на Македонија и министерството за здравство кратат 40% од превентивните програми, наменети за превенција на ХИВ во државата“ – Истакна Хајди штерјова симоновиќ од платформата за ХИВ.
Невладините посочуваат и дека Владата крати од најмаргинализираните лица, кои честопати не се ни еведентирани во здравствениот систем. Од буџетот на министерството за здавство, превенцијата учествува со само 9% и секоја година станува се помал.
Според податоците на Светска Банка, изминатите години Македонија постојано ги намалува трошоците за јавно здравје.




