„Претседателот на ДПА Мендух Тачи во емисијата ‘Клик Плус’ на ТВ 21 рече дека пописот на населението докажал оти Албанците во Македонија се голем и државотворен народ, но тие се и народ-уништувач на држава.“ – пренесува информативниот портал на албански јазик Тетова сот“.
„Тетова сот“ го цитира ова искажување на Тачи во „Клик Плус“ на ТВ 21: „Македонците во апсолутно мнозинство им го ускратуваа правото на Албанците да бидат државотворни во оваа држава и секогаш се споменуваше бројката 15, 20, 25 проценти и така натаму. Процентот на Албанците со најновиот попис ја затвора оваа тема засекогаш. Албанците се 25, 28, 29 проценти, ова е сосема неважно, затоа што и после 20 години се докажа дека Албанците се многу голем, државотворен народ овде. Тие се и народ-уништувач на држава.“





