Притисок за запирање на уште еден од проектите за бетонизација на Маврово

Маврово во послените години е под притисок на бетонизација и урбанизација. Мали хидроелектрани се изградени во недопрената природа на националниот парк, а градби никнуваат и на брегот на езерото. Граѓански организации бараат Владата да запре уште еден од планираните хидроенергетски проекти.



Додека Националниот парк Маврово е под притисок од забрзана урбанизација, активисти, професори и образовни институции бараат Владата да запре уште еден од планираните хидроенергетски прокти за кои сметаат дека ќе ја уништат природата во заштитеното подрачје.

Станува збор за малата хидроелектрана „Рибничка 7“, за која Владата во 2015 година склучи договор со инвеститорот Актуел-ЕНЕРЏИ ГРУП ДОО Скопје.

Според договорот, изградбата на оваа мала хидроелектрана е планирана да биде на неколку точки во недопрената природа на Маврово. Зафати се планирани на реката Изворска, на Порој и на Бабеш над селото Тануше, како и во долината Дагон која влегува во предложената зона за строга заштита на паркот. Целиот регион е во недопрени шумски појаси и плансински реки кои се примарни живеалишта во Националниот парк Маврово.

Линк до целиот текст на Радио Слободна Европа.