Германија засега нема да се воведе задолжителна вакцинација против КОВИД-19 за сите возрасни.
Парламентарните поддржувачи на општата задолжителна вакцинација од 18 години па нагоре го одложија донесувањето на законот, поради несогласување на партиите околу ова.
Се вакцинирал 90 пати за да продава ковид-сертификати
Наместо тоа, поднесен е компромисен предлог – за задолжителна имунизација за лицата над 50 години, најави пратеникот на Зелените Тил Штефен.
Во средината на март, Германија забележа уште еден „пик“ во ширењето на болеста.
Поддржувачите на предлогот ја оставаат отворена и можноста за продолжување на задолжителната вакцинација на сите возрасни подоцна и доколку е потребно.
Досега единствена земја од ЕУ која воведе задолжителна вакцинација беше Австрија, но и таа се откажа и месец и половина по усвојувањето на законот.






