Историчарот Ѓорги Чакарјаневски, од Институтот за национална историја вели дека ако Македонија дели заедничка историја со некого, тоа е само со Турција, а никако со Бугарија.



„Ако гледаме историски тогаш најмногу заедничка историја имаме со Турција, бидејќи се работи за период од 500 години. Што се однесува до Бугарија, од Средниот век па до двете светски војни, може да се пронајдат вкупно 20 години на некаква заедничка историја“ вели професорот за Плусинфо.

Се плашам дека заедничкото чествување на Цар Самоил и на останатите средновековни личности ќе биде погубно за нас“ вели професор Чакарјаневски.

„Сигурен сум дека тие потоа ќе сакаат да ги земат моштите на Гоце Делчев, а следен потег ќе биде на приватни имоти да ја возобновуваат и бугарската егзархија. Ова мое мислење произлегува од ставот на бугарската страна, која историски не ги признава Македонците и не го признава македонскиот јазик.

Затоа не треба да има заеничко чествување, бидејќи ќе испадне дека Самоил го чествуваат Бугари со Бугари“, вели Чакарјаневски.