СДСМ вечерва го повтори делото против Мицкоски за кое беше осудена од судот

СДСМ вечерва го повтори делото клевета за кое според документот објавен пред два дена веќе е осудена од судот.



Во официјално соопштение партијата повторно тврди дека шеф на Мицкоски е Груевски.

,,Христијан Мицкоски очигледно отишол по нови насоки и задачи кај неговиот шеф, осудениот криминалец во бегство, Никола Груевски.

Дали Груевски му ја кажа и „стратегијата“ за случајот „Плацеви на Водно“ во кој е обвинет дека правел малверзации за да стекне огромен имот во Скопје?

Уште еднаш се покажа дека единствената агенда на Христијан Мицкоски е одбрана на криминалот на Никола Груевски.

Затоа овие денови пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието го блокираат Законот за Академија за судии и обвинители”, пишува во соопштението на СДСМ кое доколку Мицкоски повторно тужи ќе биде причина за обнова пресуда од судот.

Во првата тужба Мицкоски бараше само симболично едно евро оштета.

Мицкоски денеска заедно со потпретседателот Николовски е гостин на унгарскиот премиер Виктор Орбан кој по четврти пат ќе стане премиер на членката на ЕУ и НАТО.

Што пресуди судот за првата клевета од СДСМ

СДСМ осудена дека лажно го клеветела Мицкоски (ПРЕСУДА)