Дали е извршено ново „штелување“ на пописот: Кичево сега има 55%, а не 41,27% Албанци, откако се „додаде албанската дијаспора“?!

„Според податоците на Заводот за статистика, Кичево има 41,27 отсто Албанци, но тука не е вклучена дијаспората. По притисокот на Алијансата на Албанците, Заводот за статистика се согласи да ги открие општите бројки, кои до денес некако беа чувани во тајност. Според нив, со дијаспората Кичево ќе има 55 отсто Албанци. Тоа се очекува да се направи во наредните денови, кога ќе се покаже од кои општини се иселениците.’ – објаснува за ТВ21 заменик-директорот на заводот за статистика Илми Селами.“ – објави оваа телевизија.

ТВ 21 пишува: „Во дијаспората се 17.056 кичевчани. Од нив 15.237 се Албанци, а останатите се други. Не само за Кичево, туку и за сите градови е предвидено да се обработи и да се објави бројот на нерезиденти во вториот сет на пописни податоци“ – изјави Илми Селами.“

„Селами појасни дека Законот многу прецизно предвидува кои се категориите на пописот. „Првата категорија се жители-резиденти, втората се нерезиденти и третата категорија е општото население, односно вкупниот број од првите две категории.’ – кажа вториот човек на Државниот завод за статистика.“

„Тоа значи дека Општина Кичево нема да го загуби правото да ги користи националните симболи на Албанците, правото на истакнување на албанското знаме, бидејќи тие учествуваат со повеќе од 50 проценти во оваа општина.“ – објави ТВ 21.

Се поставува прашањето: зошто Заводот за статистика уште веднаш не соопшти дека учеството на Албанците во населението на општина Кичево изнесува 55 отсто, зошто беше од почетокот кажано дека тој процент е 41,27? Дали откако беше даден „аларм“ дека „треба да се одбрани Кичево“, „да се спаси правото на употреба на истакнување на албанското знаме“, дури тогаш се објавија „вистинските 55 проценти на Албанци“ во општина Кичево?



„Обработување и објавување на бројот на нерезиденти во вториот сет на пописни податоци“ – дали оваа „статистичка операција“, поедноставно кажано, значи и „појаснување на пописните резултати“, односно отворање простор за „штимање“ на тие резултати, што веќе и се случи кај „атеистите“?!

Никаде во светот не се врши со попис пребројување на иселените лица, на дијаспората, како што е направено со со пописот во 2021 година во Македонија, туку само се попишува домашното, резидентно население. Овој попис е во директна спротивност со принципите на „Евростат“ за изведување пописи. Затоа, „55-те проценти на Албанци во Кичево“ е нереална бројка, со политичка заднина, таа албанска дијаспора од Кичево се попишува и онаму кај што работи и живее, а еве и се попишува и во Македонија. Потврда и аргумент повеќе, кои укажуваат за бесмисленоста и незаконитоста на „пописот“ во Македонија.