Алијанса на Албанците: „Дехари да ни се придружи, за да го спасиме правото на употребата на албанското знаме во Кичево“

„Вклучувањето на импутирани лица во пописните резултати, односно лица без етничка припадност, од една страна, и необјавувањето на живеалиштето на лицата од дијаспората одиграа негативна улога во прикажувањето на реалниот процент на етничките заедници во земјата ги загрозуваат колективните права, што ги имаа Албанците. Бројот на Албанците во Кичево падна под 50 отсто и тоа ја загрозува употребата на националното албанско знаме.“ – реагираше опозициската Алијанса на Албанците на прес-конференција, која ја одржа нејзиниот претставник Наим Бајрами, јави информативниот портал на албански јазик „ин7“.



Алијансата на Албанците истакнува: „Законот за попис на населението предвидува граѓаните да се евидентираат според местото каде што живеат, а не според адресата во матичните матични книги. Вкрстената проверка на податоците се врши само за лица, кои се попишани на теренот. Не може да бидат попишани, евидентирани лица, кои не се затекнати на теренот. Апелираме итно да се отстранат бројката од 132 илјади лица, бидејќи не се евидентирани на терен, немаат етничка припадност, куќи или станови каде што живеат, професија, степен на образование, место на работа и многу други податоци за нив.“

„Со резултатите од пописот се манипулира и за тоа сведочи еден неспорен факт, за кој надлежните ќе треба да дадат појаснување. Од објавените резултати има околу 400 илјади лица до 18 години, додека во избирачкиот список во истата 2021 година има 1,8 милиони гласачи. Ако се соберат бројките на гласачите и лицата помлади од 18 години, тоа резултира со најмалку 2 милиони и 200 илјади жители, додека од пописот беше кажано дека жителите и нерезидентите се вкупно 2 милиони и 90 илјади жители. Само според официјалните податоци недостасуваат најмалку 100 илјади жители.“

„Ако Државниот завод за статистика не ги исправи овие неправилности, ќе сносат кривична одговорност врз основа на член 49 од Законот за попис, кој предвидува казна од најмалку 5 години затвор за овие манипулации“

Алијансата на Албанците денеска со свое друго соопштение, кое го пренесе информативната агенција на албански јазик ИНА, му упати повик на градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари, нагласувајќи: „На Албанците од Кичево им се заканува опасност како последица на манипулацијата со пописот, која ја направи Владата на СДСМ-ДУИ, додавајќи ги импутираните 132 илјади лица во пописните резултати и криејќи ги податоците на албанската дијаспора од овој град. Го повикуваме Фатмир Дехари да ни се придружи во нашето барање и дијаспората да се засмета во вкупната бројка на граѓаните низ општините, за да го спасиме заеднички правото на употребата на албанското национално знаме во Кичево. Градоначалникот на Кичево треба да биде во одбрана на Албанците од Кичево, а не во одбрана на неговата партија ДУИ и на Владата.“