Американскиот весник „Вол стрит џорнал“ открива дека украинскиот претседател Владимир Зеленски можел да ја спречи војната со Русија ако пет дена пред нејзиниот почеток го послушал германскиот канцелар Олаф Шолц како да го реши проблемот со Москва.
„На состанокот во Минхен на 19 февруари Шолц му рекол на Зеленски дека Украина треба да се откаже од своите асприации за членство во НАТО и да прогласи неутралност како дел од поширок европски безбедносен договор меѓу Западот и Русија. овој договор би го потпишале лидерите на Русија и на САД, Владимир Путин и Џо Бајден, кои заеднички би ја гарантирале безбедноста на Украина“, се вели во написот.
Според пишувањето на „Вол стрит џорнал“, Зеленски ја одбил можноста за договор, велејќи дека мнозинството Украинци, наводно, го поддржува влезот на земјата во Алијансата.
Одговорот на украинскиот лидери „ги натерал германските официјални лица да се загрижат дека шансите за мир бледат“.
Зеленски порано изјави дека на Киев му е тешко да зборува за НАТО во контекст на безбедносните гаранции, бидејќи Алијансата го одби членството на Украина.






