Фото: Миленко Неделковски Шоу
Новинарот и уредник во Слободен Печат Љубиша Николовски во колумна за фронтлајн.мк која ја пренесува Бриф.мк бара сите граѓани што од различни причини не беа потпишани на овој попис да запрат со ,,мелење”.
Обидувајќи се да ја одбрани позицијата на владата и директорот на Заводот за статистика Симовски, Николовски тврди дека непопишаните го наместиле пописот и сега наместо да бидат благодарни што државата не ги казнува неосновано се жалеле.
Николовски тврди дека на овие над 130 илјади луѓе не може да им се утврди националната затоа што некогаш се пишувале за Македонци ама можеби во меѓувреме се пишале за Срби а тоа не го искажале на пописот.
,,Но 130.000 кукавици го послушаа „левиот“ повик за бојкот и сега ќе нè гњават дека пописот е наместен. Да, тие го наместија. И наместо да бидат благодарни што државата не сака да ги казни, ќе ги слушаме како кај нив не дошле попишувачите, не им оставиле порака, не бил добро организиран…откако се заврши се бунат зошто се нашле во графата без национална припадност кога тоа било познато од базите на податоци во кои тие некогаш, по некоја основа се внесени. Е да, ама таму не пишува што си СЕГА. Можеби си се пишал како Македонец кога си аплицирал за лична карта, или возачка, ама ТОГАШ. Во меѓувреме можеби си станал Србин, што е твое легитимно право, но тоа никој не го знае сè додека не се декларираш на Попис. Затоа молчете веќе еднаш, гњаватори едни”, пишува Николовски во колумната која може да ја прочитате тука.
Николовски е долгогодишен новинар кој долги години работеше во МТВ а во еден период беше редовен гостин во сега згаснатото шоу на Миленко Неделковски.





