Како се станува „Бугарин“ за 150 евра

Откако ќе ви ги подготват документите, се издава извод од матичната книга на родените во oбласта Гора или Голoбрдо и тоа го потпишува лице кое тврди дека е лидер на „Здружение“.



И тоа е доказ за автентичноста на сертификатот, а не државниот печат на Канцеларија за граѓански статус на Република Албанија.

Таквиот документ се добива за „такса“ од само 150 евра, пишува албанскиот „Газета Телеграф“ на тема бугарски пасоши за албански граѓани и по повод неодамнешното признавањето на бугарско малцинство  во Албанија.

За автентичноста на печатот на претседателот на здружението, не се прашува многу, доволни се 150 евра.

Лажните сертификати станаа познати во Тирана, но она што загрижува е фактот дека „мрежата на мафија“ која го прави ова вклучува, според „Газета Шќиптарве“ наводно и државни службеници од една амбасада.

Одливот  на луѓе од Албанија продолжува преку планините, морињата, воздухот, законски и илегално, со и без документи, пишува весникот, но во овој „популарен егзодус“ од сиромаштијата, има стотици илјади кои станаа и продолжуваат да стануваат „жртви„ на организирана измама, спроведена од поединци, групи и агенции, кои ги користат сите видови на акробации за да „извезат“ што повеќе луѓе во западноевропските земји.

Стотици Албанци кои избираат „незаконитост“ или лажна шема за бегство од Албанија, остануваат измамени, а стотици милиони евра се вртат во тој бизнис.

Весникот посочува дека дури и странци почнале да ја откриваат „уметноста“ на албанската измама.

„Газета телеграф“  во обемниот текст во кој се споменуваат дури и иницијали на личности инволвирани во бизнисот со сертификати,  неведува случај кој покажува дека – се е возможно.

На пример, на еден од двајца браќа веднаш му било доделено државјанство, а другиот бил одбиен.

Иако и двајцата се уште живеат во село во Албанија.