Речиси 10 милиони Унгарци денеска гласаат на парламентарните избори, а анкетите го фаворизираат актуелниот премиер Виктор Орбан.
Сепак, за прв пат во своето 12-годишно владеење, владејачката партија „Фидес“ на Орбан ќе се соочи со обединета опозициска коалиција предводена од Питер Марки-Зај (49), пренесе АФП.
Лидер на опозицијата се прослави со победа над владејачката „Фидес“ и стана градоначалник на еден мал град. Тој има тешката задача да ја предводи коалицијата на партии асоставена од десничарскиот „Јобик“, либералите, зелените и социјалдемократите.
Откако на предизборен митинг во близина на Будимпешта рече дека Орбан ја „изгубил битката“ со долговите, инфлацијата и СОВИД-19, Марки-Зај ја критикуваше владата за нивниот став за руската инвазија на Украина.
Од 199 пратеници во унгарскиот парлемент, 106 се избираат со мнозински систем, а останатите 93 пратеници се избираат со партиски листи по пропорционален систем.
За да влезе во парламентот, партијата мора да освои најмалку 5 отсто од гласовите.
Предвиден е и праг од 10 отсто за комбинирана двопартиска листа и праг од 15 отсто за листа од три или повеќе партии.






