Руското Министерство за одбрана потврди дека била уништина рафинерија за нафта и три складишта за гориво со високопрецизни морски и воздушни ракети во регионот на Одеса, пренесува новинската агенција Интерфакс.
Се наведува дека објектите ги користи Украина за снабдување на своите војници во близина на градот Миколаев.
Украинските власти не потврдија дали има жртви од нападот што се случил во раните утрински часови.






