Серија експлозии утрово предизвикаа бројни пожари на различни места во украинскиот град Одеса, изјавија локалните жители.



Чад е забележан во стратешкиот град на брегот на Црното Море во неделата наутро, објави сведок на Ројтерс.

Дописникот на „Вашингтон пост“, Изабел Хуршудјан, која се наоѓа во Одеса, на Твитер напиша: „Силни експлозии во центарот на Одеса во моментот. Прозорците од мојата хотелска соба се тресеа. Не е јасно што е тоа“.

Според првични податоци, нема жртви во Одеса, нападите биле насочени кон „критичните инфраструктурни места“, го цитира УНИАН офицерот од Јужната оперативна команда Владислав Назаров.

Пожари избувнаа на повеќе места во градот.

Руското Министерство за одбрана не ја коментираше ситуацијата.

Портпаролот на регионалната администрација Сергеј Братчук изјави дека утрово е погоден еден од „критичните инфраструктурни објекти“ во Одеса.

„Се надевама дека нема жртви“, посочи Братчук.