„Иницијативата на малите партии за промена на сегашниот изборен модел и за претворање на Македонија во една изборна единица е штетна за Албанците, бидејќи ќе го намали бројот на албанските мандати во Собранието’ – вели Мерсим Максути, професор по уставно право на Правниот факултет на државниот универзитет во Тетово, во ‘Интервјуто на неделата’. Тој бара албанските политички партии да бидат многу внимателни и во никој случај да не дозволат такво нешто, без темелно да ги разгледаат сите опасности и придобивки што може да ги донесе овој модел.“ – објави информативната агенција на албански јазик „Журнал“.
„Журнал“ пишува: „Со една изборна единица ќе и се наштети на тежината на албанските гласачи. Ова директно ќе влијае врз слабеење и намалување на мандатите на албанските пратеници. Македонскиот чинител верува дека го увидел овој елемент и тие не случајно стојат зад предлогот на политичките партии предлагачи Македонија да стане една изборна единица. Не случајно го бранат тој предлог.’ – нагласува професорот Максути.“
„Максути: ‘Отворените списоци ветуваат квалитетен кадар“
„Максути нема точен одговор на прашањето кој изборен модел би било подобар да ги распредели гласовите на граѓаните, а особено гласовите на Албанците. За ова, вели, треба да се направат многу темелни анализи, да се согледаат практиките на европските земји и да се земат предвид препораките на ОБСЕ/ОДИХР и на невладините организации. Иако го споделува мислењето дека сегашниот изборен модел со 6 изборни единици не е нималку лош, бидејќи во секој изборен циклус се докажува оти албанскиот блок произведува повеќе пратеници.“
„На последните избори со 6 изборни единици освоивме 32 пратеници Албанци и од 22-23 стигнавме до 32-33 албански пратеници. Ова покажа дека не е само поделбата на изборните единици многу важен услов, туку е важно и излегувањето на гласачите на изборите. Зошто добивме 32 пратеници? Затоа што бевме попаметни, поорганизирани и обединети, не бевме многу поделени. Наша среќа беше тоа што кај другата страна, покрај двата блока кои постојано се кандидираат, се појави и една трета сила.’ – вели Максути.“
„Политичките субјекти имаат различни мислења за предлогот за измени во Изборниот законик, кој помина една од собраниските процедури. Малите македонски партии заедно со ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ декларативно се ‘за’ предлогот со една изборна единица. Тие бараат само да се усогласат околу разликите. Движењето Беса бара 3 изборни единици, Алијансата на Албанците бара 8 изборни единици, а ДУИ мисли дека сегашниот изборен модел со 6 изборни единици е најдобар.“
„Професорот Максути вели дека расправата за ова прашање треба да биде придружена со расправата да постојат отворени листи, бидејќи само така ќе можеме да го демократизираме општеството со избирање најквалитетни кадри, кои ќе го претставуваат гласот на граѓаните во Собранието.“





